Според последните информации од Шпанија, Нико Вилијамс донел одлука кариерата да ја продолжи во Премиер лигата.
Нико Вилијамс ова лето на големо се поврзуваше со заминување од редовите на клубот од Баскија, но на крајот избра да остане.
Најблиску до неговиот потпис беше Барселона, меѓутоа каталонците не успеаа да го доведат.
Сега во трката за неговиот потпис се приклучи Арсенал, кој е спремен да ја плати неговата откупна клаузула.
Откупната клазула во неговиот договор е 58 милиони евра и Арсенал бил подготвен уште сега да ја активира поради проблемите со напаѓачката линија, меѓуота Вилијамс сака трансфер на лето.
Според каталонски извори, Нико Вилијамс му открил на својот близок пријател Ламине Јамал дека е многу блиску до договор со Арсенал.
Leave a Reply