Кимих ги одби гигантите, останува во Баерн

Баерн Минхен е блиску до постигнување на договор за продолжување на соработката со Џошуа Кимих.

По обновувањето на договорите на Алфонсо Дејвис и Џамал Мусијала, на ред е и еден од капитените, Џошуа Кимих.

Германецот во минатото беше поврзуван со ПСЖ, Ливерпул, Барселона и Реал Мадрид, но изгледа дека реши да остане во Минхен.

„Се наоѓаме во многу, многу добра позиција во преговорите со Кимих. Се надеваме дека неговиот потпис ќе биде нашиот следен завршен потег. Тој ќе биде капитен на Баерн кога Мануел Нојер ќе се повлече. Останува само да ја завршиме работата и да го ставиме потписот на договорот“, изјави директорот Макс Еберл.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *