Еден од главните играчи на „црвените ѓаволи“ – Амад Диало, заработи тешка повреда, поради која најверојатно ќе го пропушти остатокот од сезоната.
Се уште не е јасно каква е повредата на Диало, која ја доби во пресрет на натпреварот со Тотенхем.
Крилниот напаѓач е најконстантниот играч во тимот на Рубен Аморим оваа сезона, постигнувајќи 9 голови и 7 асистенции.
„Исклучително сум разочаран што ја пишувам оваа порака во толку важен момент од сезоната. За жал, ќе отсуствувам одредено време поради повреда. Ќе се вратам посилен од било кога! Време е да ги поддржиме момчињата од надвор. Има уште многу да се игра“, сподели Диало на социјалните мрежи.
Leave a Reply