Ѕвездата на Њукасл Александер Исак е посочен како прв приоритет за Барселона во летниот преоден рок.
Иако Роберт Левандовски игра како во своите најдобри денови, а тоа го потврдува и неговиот учинок од 31 гол во сите натпреварувања, сепак има 37 години и на Барса и треба долгорочна замена.
Исак сезонава игра одлично во дресот на Њукасл, се наоѓа на третото место на листата на стрелци во Премиер лигата со 17 гола, но сака да игра во Лигата на шампиони.
Поради тоа е спремен да ја промени средината, а Барса ќе треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за него силен интерес покажува и Арсенал.
Leave a Reply