Големо засилување за Беласица: Потпиша Бојан Најденов

Во пресрет на почетокот на пролетната полусезона Беласиц во последниот ден од преодниот рок се засили со квалитетен и искусен играч со меѓународно искуство .

Бојан Најденов (1991) е играч од средината на теренот и ќе претставува огромно освежување во нашиот ростер и ќе внесе дополнително искуство во нашиот млад тим.

Тој последните 6 месеци беше дел од македонскиот фудбал како член на екипата на Кожуф,а претходно беше дел и од повеќе наши прволигашки екипи, а градеше интернационална кариера и во повеќе клубови низ Европа.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *