За Себаљос повеќе нема место во Реал Мадрид и „кралевите“ му порачале дека може да си бара нов клуб.
28-годишниот плејмејкер минатото лето одби неколку понуди со цел да се докаже дека вреди во тимот на Карло Анчелоти, но сега е разочаран и самиот сака да ја промени средината.
Интерес за Себаљос покажуваат неколку клубови, но најсилен е интересот на Јувентус, кој сака да го засили средниот ред.
Реал е спремен да го пушти за 15 милиони евра сума која Јувентус е спремен да ја плати.
Leave a Reply