Премиерлигашите го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сезона добива многу мала минутажа.

Дијаз блескаше во дресот на „росонерите“, па Реал одлучи да го врати како замена за Асенсио минатото лето.

Меѓутоа, Дијаз добива мала минутажа, па е спремен да ја промени средината, а како следна дестинација се споменува Премиер лигата.

Арсенал, Ливерпул и Тотенхем покажуваат силен интерес за него и се спремни да испратат понуда.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *