Тодороски прави трансфер вреден 450.000 евра

Македонскиот интернационалец Андреј Тодороски ја завршува својата етапа во Спартак Суботица и кариерата ќе ја продолжи во редовите на ТСЦ Бачка Топола.

Според истите извори, двата клуба постигнале договор за трансфер вреден 450.000 евра, а Спартак ќе добие и 20% од сумата при евентуална идна продажба на напаѓачот.

Тодороски во тековната сезона одигра 19 натпревари во српската лига, при што успеа да постигне шест погодоци.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *