Фудбалерите на Клуб Бриж славеа против Аталанта (2-1) во првиот натпревар од плеј-офот на Лигата на шампионите.
Резултатот беше отворен уште во 15. минута со убав гол на Џугла, Клуб Бриж поведе со 1-0. На четири минути до крајот на првото полувреме Пашалиќ реализираше за израмнување на 1-1
Белгискиот тим до триумфот дојде во драматичен финиш, откако во 93-та минута беше досуден контроверзен пенал, кој успешно го реализираше Густав Нилсон.
Leave a Reply