Официјално: Јован Манев се врати во Хрватска

Репрезентативецот на Македонија, Јован Манев кариерата ќе ја продолжи во Хрватска каде што ќе го носи дресот на Ријека.

Манев со хрватскиот клбу потпиша договор до 2027 година, а пристигнува како слободен играч откако претходно ја раскина соработката со Адана Демиспор.

За Манев Ријека ќе биде втор клуб од Хрватска бидејќи минатата сезона настапуваше за Осијек како позајмен фудбалер.

Претходно кариерата ја започна во Брегалница каде што по 30 одиграни натпревари направи трансфер во Адана. Дресот на македонската репрезентација го носеше на десет натпревари, а успеа да постигне и еден гол.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *