Последнопласираниот тим во Чемпионшип, Плимут приреди вистинска сензација и го елиминира Ливерпул во 4-то коло од ФА Купот.
Арне Слот реши да ги одмара своите главни ѕвезди, изваде комбиниран тим, а тоа му се одби од глава.
„Црвените“ беа прилично бледи во првото полувреме а домаќините знаеја како да го искористат тоа и на стартот од вториот дел Харди од пенал донесе 1-0.
Во вториот дел го уфрли на теренот и Дарвин Нуњез, но Ливерпул не успеа да постигне погодок за израмнување и доживеа елиминација.
Leave a Reply