Односот меѓу српскиот напаѓач Душан Влаховиќ и Јувентус е многу лош, пишуваат италијанските медиуми.
„Газета дело Спорт“ пишува дека Јувентус сака Влаховиќ да потпише нов договор, а доколку не се случи такво нешто, тогаш Србинот ќе биде продаден следното лето.
Договорот кој му го нуди „Старата дама“ е со намалена плата и тоа сигурно нема да го прифати голгетерот.
Со доаѓање на Коло Муани, Влаховиќ падна во втор план, па сериозено размислува да ја промени средината на лето.
Нему договорот му истекува 2026 година, и Јувентус сигурно ќе го продаде на лето, а интерес за него покажувата неколку клубови од Премиер лигата.
Leave a Reply