Англиските медиуми пренесуваат дека Бернардо Силва донел конечна одлука да го напушти Манчестер Сити на крајот на сезоната.
Барселона минатото лето силно го посакуваше Португалецот, но немаше финансиска моќ да го реализира трансферот.
Неговиот менаџер Жорге Мендеш веќе почнал да му бара нов клуб, а медиумите тврдат дека следна дестинација на Португалецот ќе биде Милан.
Мендеш го донесе Жоао Феликс на Сан Сиро, а е менаџер и на тренерот Консеисао, па е во одлични осноси со миланскиот гигант.
Милан е спремен следното лето да направи еден голем трансфер и доаѓањето на Бернардо Силва ќе го финансира со продажбата на Окафор и Чукуедзе.
Leave a Reply