Фудбалерите на Милан славеа со 2-0 против Емполи во рамките на 24. коло од Серија А.
Рафаел Леао го отвори резултатот со прекрасен гол за 1-0, а потоа Хименез стави точка на победата, постигнувајќи гол за 2-0.
Милан, благодарение на оваа победа, се наоѓа на седмата позиција со 38 бодови, пет помалку од Јувентус кој го држи четвртото место, кое води во Лигата на шампиони.
Leave a Reply