Евертон се збогува со ФА Купот, Бормут продолжува во осминафинале

by

in

Фудбалерите на Бормут одиграа фантастичен натпревар на гостувањето против Евертон и со 2-0 го обезбедија пласманот во осминафиналето на ФА Купот.

Во 23. минута, Бормут дојде до предност преку пенал реализиран од Семењо, кој го совлада голманот Џордан Пикфорд. По ова, тимот на Бормут не застана, туку продолжи со офанзивна игра и постигна втор гол во самиот финиш на првото полувреме.

Во второто полувреме, тренерот на „Карамелите“ направи неколку тактички измени, што доведе до подобра игра на домаќините во последните 20 минути од натпреварот. Сепак, и покрај зголемената активност во нападот, Евертон не успеа да го матира Кепа Аризабалага.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *