Позната најголемата трансфер желба на Милан

by

in

Милан е на добар пат да го договори првиот летен трансфер, а станува збор за ѕвездата на Торино и италијански репрезентативец, Самуеле Ричи, пренесува „Газета дело Спорт“.

23-годишниот Ричи игра одлично и се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Веќе го доби питетот „новиот Пирло“, а неодамна потпиша нов договор со Торино.

Меѓутоа, медиумите пренесуваат дека во договорот има ослободителна клаузула од 50 милиони евра, која неколку клубови се спремни да ја платат.

Милан е во напредни преговори со неговиот агент и Ричи веќе им кажал ДА на „росонерите“, па се очекува Италијанецот да биде прво летно засилување на „Сан Сиро“.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *