Фиорентина го прегази Интер

by

in

Фиорентина го совлада Интер со убедливи 3-0 во натпреварот што вечерва беше доигран, откако првично беше прекинат на 1 декември минатата година.

Дуелот беше прекинат по само 17 минути игра, откако Едоардо Бове падна покосен на теренот поради срцев удар.

Во првото полувреме Интер ја имаше иницијативата, постигна и гол, кој беше поништен од ВАР поради офасајд.

Лука Раниери во 60-та минута ја доведе Фиорентина во водство, а осум минути подоцна Моис Кин зголеми на 2-0. Истиот фудбалер стави точка на мечот за голема победа на Фиорентина.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *