Фонсека си најде нова работа – ќе тренира седумкратен француски шампион

Поранешниот тренер на Милан, Пауло Фонсека брзо пронајде нов ангажман по отказот во Милано и ќе го предводи тимот на Лион.

Фонсека со Лион потпиша договор до 30 јуни 2027 година, а на клупата ќе го наследи Пјер Сеж кој доби отказ пред три дена.

Во кариерата Фонсека претходно ги водеше: Лил, Рома, Шахтјор, Брага, Пакос Фереира, Порто, Авес и Милан од каде што доби отказ пред еден месец.

По 19 кола Лион во Франција се наоѓа на шестото место со 30 бодови и дури 17 помалку од лидерот Лион.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *