Македонската ракометна репрезентација одигра драматичен и неизвесен натпревар против Австрија, кој заврши нерешено 29-29, во рамките на првиот натпревар од главната фаза на Светското првенство (СП). Овој резултат претставува важен бод за македонската селекција, која покажа силен дух и борбеност во текот на целиот меч.
Ракометарот Никола Костески изјави дека тимот е задоволен со освоениот бод, особено по ваква изедначена игра. Тој истакна дека вниманието сега е целосно насочено кон следниот предизвик – натпреварот против репрезентацијата на Катар.
„Ова беше драматичен меч, знаевме со каква селекција играме денеска, но му благодарам на Бог што одигравме нерешено. Среќни сме за освоениот бод. Одиме како на денешниот, така и на следниот меч против Катар. Да се подготвиме најдобро што можеме и да ја добиеме таа средба. Имаме уште многу да дадеме, ќе одмориме еден ден и со нови сили одиме на следниот натпревар до победа“, кажа Костески.
Leave a Reply