Покрај назначувањето нови селектори во младинските категории на денешната седница на Управниот одбор на ФФМ беа именувани и нови директори на сениорската и репрезентацијата до 21 година.
За нов директор на „А“ селекцијата е избран Данчо Масев. Поранешниот македонски репрезентативец се враќа на позицијата која ја извршуваше од јуни 2018 до ланскиот септември. Масев беше директор на најдобрата репрезентација во моментите на најголемиот успех – пласманот на Европското првенство и освоеното прво место во последното издание од Лига на нации.
Кога во прашање е селекцијата до 21 година за директор е избран поранешниот прославен македонски репрезентативец Игор Митрески. Кариерата Митревски ја започна во Македонија Ѓорче Петров, а подоцна играше уште и за Караорман, Напредок и Силекс.2001. замина во Москва, во гигантот Спартак. Остави длабок белег и стана трет странец со најмногу настапи за Спартак Москва, клуб со кој настапуваше во Лигата на шампионите. Како интернационалец настапуваше и во Украина, Израел, Азербејџан и Германија.
Во продолжение и останатите донесени одлуки:
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го назначи Борче Христов за директор на Центарот за едукација на ФФМ. Борче Христов е носител на тренерска ПРО лиценца и во тренерската кариера ги предводеше Македонија Ѓорче Петров, Цементарница, велешки Борец.
Еден од заслужните за големиот напредок на младинскиот фудбал во Азербејџан, како генерален менаџер на Карабах. Во Азербејџан, работеше и како асистент тренер во Баку.
Фудбалската федерација на Македонија му се заблагодарува на Небојша Марковски, досегашниот долгогодишниот директор на Центарот за едукација.
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, согласно даденото ветување на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, донесе одлука за зголемување на таксата (надоместок) за судии и контролори.
40 проценти е зголемена таксата за судии и конторлори за натпреварувањата во Прва МФЛ, Втора МФЛ, сите младински категории (младинци, кадети, пионери, помали пионери, петлиња, помали петлиња), женски младински категории (младински и кадетки);
60 проценти е зголемена таксата за судии и конторлори за натпреварувањата во Супер лига – младинци и кадети.
100 проценти е зголемена таксата за судии и конторлори за натпреварувањата во Прва и Втора футсал лига и женска Прва и Втора лига.
Ова е само прва фаза од најавеното зголемување за судиите и контролорите. Претседателот на Комисијата за натпревари, Игор Франговски во следната фаза ќе даде предлог за зголемување на таксата (надоместокот) и за делегатите на натпреварите од МФЛ.
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за укинување на забраната за присуство на публика на натпреварите од северниот регион во Детска лига. Тренерите на тимовите, учесници во натпреварувањето се известени да го почитуваат кодексот за фер-игра и однесување. Секое спротивно однесување ќе подлежи на дисциплински сакнции. Исто така, повикуваме, сите родители и гледачи во иднина да размислуваат за влијанието што нивните постапки го имаат врз децата и секогаш да се однесуваат на начин кој поддржува и поттикнува позитивен развој. Приоритет е да обезбедиме секое дете да ужива во играњето фудбал во безбедна и позитивна средина.
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го одреди датумот и местото на одржување на Редовно изборно генерално Собрание на Фудбалска федерација на Македонија. Редовното изборно генерално Собрание на ФФМ ќе се оддржи на 15. март 2025 година со почеток во 10:00 часот во хотел „Хилтон“ во Скопје.
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука федерацијата да се откаже од 50 проценти од приходот остварен од регистрација на странски фудбалери. Приходот од кои се откажува ФФМ, ќе биде пренасочен кон Општинските фудбалски Сојузи (ОФС).
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го прифати предлогот за измени на членови во Одборот на тренери во Фудбалската федерација на Македонија.
Актуелниот состав на Одбор на тренери во ФФМ: Алексо Мацков, Борче Христов, Благоја Китановски, Кочо Димитровски, Менсур Јакупи;
Leave a Reply