Покетино за случајот со Манчестер Сити: „Ако од 115 обвиненија си виновен за 114, тешко е да знаеш каква казна би била праведна“

Маурисио Покетино го коментираше случајот со Манчестер Сити и бројните обвиненија за наводни прекршувања на финансиските правила во Премиер лигата.

Поранешниот тренер на Челси и Тотенхем смета дека е тешко да се одреди соодветна санкција доколку клубот биде прогласен за виновен по најголемиот дел од обвиненијата.

„Многу е тешко, кога од 115 обвиненија ќе бидете прогласени за виновни за 114, да знаете каква треба да биде казната за да биде праведно“, изјави Покетино, пренесува ESPN.

Аргентинецот направи споредба и со случаите на Нотингем Форест и Евертон, кои во минатото добија санкции за прекршување на финансиските правила.

„Нотингем Форест или Евертон ги прекршија правилата и добија различни санкции, без разлика дали станува збор за одземање бодови или парични казни“, додаде Покетино.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *