Официјално: Поранешниот селектор на Мексико е нов тренер на Димитриевски

Најавите од изминатите часови добија официјална потврда, Хавиер Агуире е нов тренер на Валенсија каде што брани нашиот Столе Димитриевски. Шпанскиот клуб денеска објави дека постигнал договор со искусниот мексикански стратег, кој ќе седне на клупата на првиот тим.

Агуире потпиша договор до крајот на актуелната сезона, со можност соработката да биде продолжена за уште една сезона.  За Мексиканецот ова ќе биде ново поглавје во тренерската кариера и ќе има задача да донесе подобри резултати во големиот шпански клуб кој има лош почеток на сезоната.

По седум кола Валенсија има само една победа и едно реми, а со четири освоени бодови се наоѓа на претпоследното место на табелата.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *