Мајкл Керик се најде под сериозен притисок по разочарувачкиот почеток на новата сезона со Манчестер јунајтед. „Црвените ѓаволи“ не успеаја да слават на последните три натпревари, а ремито против Фулам дополнително ја засили неизвесноста околу иднината на тренерот.
На „Крејвен Котиџ“ Јунајтед избегна пораз во самиот финиш, откако Матеус Куња во 89. минута го постигна голот за 1-1.
Претходно, тимот имаше порази од Манчестер сити и Брајтон, што значи дека резултатската криза се продлабочи токму во период кога се очекуваше подобра серија.
Leave a Reply