Емотивна приказна зад прославата на Алан: Буквата „L“ беше посвета за неговата сестра

Еден од најемотивните моменти по голот на Алан на неговото деби за Манчестер Сити ја привлече вниманието на фудбалската јавност.

По постигнатиот гол, Алан ја крена раката кон небото и покажа со буквата „L“. Зад оваа прослава се крие тажна и длабоко лична приказна.

Буквата „L“ е посвета за неговата сестра Летиција, која починала за време на пандемијата со КОВИД-19, на само 20 години.

Алан не ја заборавил својата сестра и токму во еден од најважните моменти во неговата кариера, голот на дебито за Манчестер Сити, решил да ѝ посвети посебна порака.

Наместо само прослава на голот, неговиот гест стана симбол на љубовта и сеќавањето кон Летиција.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *