Илија Несторовски уште еднаш покажа дека е во одлична форма, откако со два гола за само четири минути направи целосен пресврт за Славен Белупо против Рудеш.
Македонскиот репрезентативец натпреварот го започна од клупата, но по влегувањето во игра го презеде главниот збор. Несторовски погоди во 75. и 79. минута и му донесе предност од 2-1 на својот тим.
Сепак, Славен Белупо не успеа да ја сочува предноста. Рудеш во 92. минута го постигна израмнувачкиот гол и спречи победа на тимот на Несторовски.

Leave a Reply