Легендарниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер, смета дека лошиот старт на сезоната не треба да се поврзува со новиот менаџер Ираола, туку дека поголемиот проблем лежи кај самите фудбалери.
Карагер нагласи дека не сака да врши притисок или да упатува критики кон менаџерот, бидејќи тој е на почетокот од својот мандат.
„Не вршам никаков притисок или критика кон менаџерот. Не беше одличен стартот, но сега сме во фаза со оваа група играчи каде што она што го видовме минатата сезона не беше прифатливо за клубот“, изјави Карагер.
Тој посочи дека проблемите со играчите траат подолго време и дека новиот тренер не може веднаш да ги промени сите работи.
„Новиот менаџер дојде, многу е рано, но овие играчи веќе долго време се навистина лоши“, додаде поранешниот фудбалер на Ливерпул.
Карагер дополнително го потенцираше и фактот дека Ливерпул немал особено тежок распоред на почетокот од сезоната.
„Почетокот на сезоната беше навистина лош, а Ливерпул немаше тешки натпревари. Реално, Ливерпул требаше да има 10 бода“, порача Карагер.
Според него, фокусот во овој момент треба да биде ставен на фудбалерите и нивните настапи, а не на новиот предводник на тимот.

Leave a Reply