Покетино: „Време е за Хари Кејн“ – Англичанецот ја заслужува Златната топка

Маурицио Покетино смета дека Хари Кејн заслужува да ја освои престижната „Златна топка“, истакнувајќи дека англискиот напаѓач со својата кариера го заслужил ова големо признание.

„Мојата желба е да ја освои. Се надевам дека ќе биде така. Мислам дека тој го заслужува тоа како награда за неговата кариера“, изјави Почетино.

Аргентинскиот тренер оди и чекор понатаму, нагласувајќи дека токму сега е вистинскиот момент за Кејн да го добие најголемото индивидуално признание во светскиот фудбал.

„За мене, ова е време на Хари Кејн“, порача Покетино.

Тој го спореди Кејн со неколку легенди кои исто така ја освоија „Златната топка“ по исклучителни кариери.

„Тој го заслужува тоа во својата кариера, исто како Модриќ, Канаваро или Бензема“, додаде Почетино.

Кејн со години е меѓу најдобрите напаѓачи во светот, а неговата константност, головите и индивидуалните достигнувања го ставаат во кругот на сериозни кандидати за престижното признание.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *