Фудбалската федерација на Македонија ги информираше навивачите и љубителите на фудбалот дека продажбата на влезниците за натпреварот Македонија – Швајцарија, кој ќе се одигра на 26 септември (сабота) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе започне на 10 септември (четврток).
Цената на влезниците се движи од 500 до 1.800 денари, во зависност од блокот и местото на трибините. ВИП билет чини 3.000 денари. Цените и достапните места по блокови ќе бидат детално прикажани на мапата на Националната арена „Тодор Проески“, преку официјалната платформа за електронска продажба на билети на ФФМ: eticket.ffm.mk
Ваквата цена е поскапа во однос на досегашните дуели кога најевтиниот билет за натпреварите на Македонија изнесуваше 300 денари.
Во рамки на септемврискиот циклус од Б групата на УЕФА Лигата на нации, македонската репрезентација ќе гостува и кај Словенија. Влезниците за натпреварот Словенија – Македонија, кој ќе се одигра на 29. септември на стадионот „Стожице“ во Љубљана, ќе бидат пуштени во продажба на 14. септември.
Наскоро ќе бидат објавени и официјалните информации за продажбата на билети за натпреварите Македонија – Шкотска (3. октомври) и Швајцарија – Македонија (6. октомври) во Луцерн.

Leave a Reply