Компани со новости за Мусиала: „Релативно добро е, но нема да биде во составот“

Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, потврди дека Џамал Мусиала се враќа во тренажен процес, но сè уште не е подготвен за настап.

Компани даде нови информации за состојбата на Џамал Мусиала, кој денеска ќе учествува во тимскиот тренинг, но нема да биде во составот на Баерн за утрешниот натпревар.

„Генерално гледано, Џамал е релативно добро“, изјави Компани.

Тренерот на баварскиот гигант потврди дека Мусиала денеска ќе тренира со екипата, но неговото враќање на теренот нема да се случи веднаш.

„Тој денеска учествува на тимскиот тренинг, но нема да биде во составот утре.“

Сепак, Компани е оптимист и очекува младиот германски репрезентативец наскоро повторно да биде дел од тимот.

„Во одреден момент повторно ќе биде во составот и ќе игра.“

Враќањето на Мусиала секако е одлична вест за Баерн, кој во продолжението од сезоната ќе има потреба од неговиот квалитет и креативност во офанзивниот дел од тимот.