Лазаров: Унгарија е сериозна ракометна сила, ќе одиграме најдобро што знаеме

Македонската ракометна репрезентација утре го започнува својот настап на Светското првенство (СП) 2025, со првиот натпревар против силната селекција на Унгарија. Оваа пресметка, која ќе се одигра во „Вараждин Арена“, е закажана за 15 јануари со почеток во 20:30 часот.

Селекторот Кире Лазаров изрази увереност дека неговите избраници ќе дадат сè од себе на теренот.

„Унгарија е сериозна ракометна сила, со богата традиција и високо квалитетни играчи. Нивните репрезентативци главно настапуваат за две од најдобрите екипи во Лигата на шампиони. Под водство на селекторот Чема Родригез, нивната репрезентација постојано напредува и е исклучително добро организирана. Тешко е да се каже дека имаат слаба точка, бидејќи се многу комплетен тим. Сепак, веруваме дека со дисциплинирана игра и максимален ангажман, можеме да се надеваме на позитивен резултат,“ изјави Лазаров.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *