Maкедонската фудбалска репрезентација до 20 години со убедлив пораз од Мароко со 5-1 го завршува настапот на Медитеранските игри во Таранто.
Мароканците постигнаа гол уште од првата шанса кога погоди Хамза Раи, а ние се вративме во четвртата минута кога погоди Дарјан Тасев кој го постигна и за нас единствениот гол на игрите.
Во продолжение натпреварот комплетно помина во знакот на противникот кој постигна уште еден гол во првиот дел преку Раја Зинеби Талби, додека во вториот дел стрелаа уште Мохамед Мунсев, Карим Есади и Абделхафор Гоурари.
Покрај петте постигнати гола, Мароко создаде и многу повеќе прилики, упати дури 23 удари кон нашиот гол, додека ние средбата ја завршивме со вкупно два упатени удари.
Македонија средбата ја заврши со два играчи помалку откако исклучени беа Адис Мурати и Емир Саботиќ, а исто така црвен картон заработи и тренерот Александар Таневски.
Групата ја завршуваме со уште едно реми (0-0) против Тунис и два порази, покрај денешниот, загубивме и од Турција со 3-0.

Leave a Reply