Скопје и Тиквеш ќе го одиграат утрешниот натпревар на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија.
Иако првично беше предвидено дуелот да се одржи на стадионот во Автокоманда, објектот сè уште не ги исполнува условите за одигрување натпревари од Првата лига.
Тоа значи дека навивачите на Скопје ќе мора да почекаат уште малку пред повторно да го гледаат својот тим во својата населба.
Натпреварот Скопје – Тиквеш е закажан за утре, петок, со почеток во 17 часот.

Leave a Reply