Медитеранските игри одложија меч од Втората лига

Натпреварот меѓу Тетекс и Работнички од второто коло во Втората македонска фудбалска лига нема да се одигра според првичниот распоред.

До одложувањето дојде на барање на Тетекс, откако клубот информираше дека двајца негови фудбалери ќе бидат дел од македонската експедиција на Медитеранските игри во Таранто.

Новиот датум и терминот за одигрување на средбата дополнително ќе ги утврди Фудбалската федерација на Македонија.

Работнички во премиерното коло стигна до убедлива победа од 3-0 над Кожуф, додека Тетекс на стартот на сезоната одигра 1-1 против Македонија Ѓорче Петров.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *