Македонскиот фудбалер, Стефан Ристовски веќе не е фудбалер на Сараево, потврди босанскиот клуб преку социјалните мрежи.
За време на престојот на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“, Ристовски одигра вкупно 36 натпревари во дресот на Сараево, на кои постигна три гола.
Раководството и стручниот штаб на клубот му се заблагодарија за трудот и професионалноста што ги покажал додека го носел дресот на Сараево.
„На Стефан му посакуваме многу среќа и успех во продолжението од професионалната кариера“, кратко порачаа од Сараево преку официјалните канали.
Засега не е познато каде Ристовски ќе ја продолжи кариерата.

Leave a Reply