Рикардо: Ако ова навистина е крај, тогаш горд ја напуштам Ф1

Возачот во Формула 1, Даниел Рикардо кажа дека можеби ја возел последната трка во кариерата, откако заврши на 18. место во Сингапур.

Австралиецот беше емотивен по трката и остана во болидот, а потоа кажа дека постои можност да се збогува со спортот.

„Постои можност ова да беше моја последна трка во Формула 1. Доколку е така, тогаш горд ја напуштам Ф1. Се обидов да се вратам во Ред Бул, но не успеав“, кажа Рикардо.

Според шпекулациите, до крајот на сезоната на негово место ќе вози Лиам Лосон.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *