Фабијани пред Рига: „Ништо не е готово, мора да бидеме тактички перфектни“

Вардар утре го очекува реваншот против Рига во квалификациите за Конференциската лига, а „црвено-црните“ во Летонија ќе патуваат со негатива од 2-3 по првиот натпревар во Скопје.

Тренерот Кристијан Фабијани е свесен дека неговиот тим го очекува тешка задача, но верува дека Вардар има што да покаже во реваншот. Според него, клучот ќе биде во тактичката дисциплина, трпеливоста и намалувањето на грешките.

„Ни следи нов европски натпревар за оваа сезона. Тактички мора уште повеќе да се подобриме од претходните мечеви, да ги намалиме грешките, а притисокот ќе биде повеќе врз домаќинот Рига. Мора да играме трпеливо, тактички да бидеме перфектни и со намалени грешки во сите линии“, изјави Фабијани.

Тренерот потврди дека сите играчи кои отпатуваа во Летонија ќе конкурираат за настап, со исклучок на Хоакин Торес и Бобан Николов.

„Сите играчи кои допатуваа со нас ќе конкурираат за игра, ги немаме во тимот само Хоакин Торес и Бобан Николов. Го имаме официјалниот тренинг за финални подготовки за мечот“, додаде стратегот на Вардар.