Дебитантот немоќен, Струга подобра од Шкендија Арачиново!

Шкендија Арачиново нема по добро да го памети деби настапот во Првата лига откако денеска на гости кај Струга беа поразени со 3-0.

Беше подобар противник составот на Струга, иако и домаќините имаа шанси на моменти кои не ги искористија.

Резултатот беше отворен во 23-тата минута кога во листата на стрелци се запиша искусниот Марјан Радески. Пред крајот на првото полувреме во листата на стрелци се запиша и засилувањето Агамах за кого ова беше прв гол во дресот на стружани.

Во второто полувреме домаќинот не дозволи изненадување и некако пресврт, па со голот на Шабани само го потврди триумфот.

Ќе потсетиме, денес претходно победа забележа и шампионот Вардар кој беше подобар од Брегалница со 3-0.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *