Добар старт, но лош крај: Шкендија загуби од Браво по пресврт

Шкендија загуби со 1-2 на гостувањето кај Браво во Љубљана во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига.

Тетовци одлично го започнаа мечот и преку пенал на Ендрит Красничи во 11. минута стигнаа до предност. Сепак, Браво брзо одговори и преку Рок Копатин израмни на 1-1.

Во второто полувреме домаќините направија целосен пресврт со голот на Јакослав Станковиќ за 2-1. Шкендија во финишот притискаше за израмнување, Тамба ја погоди стативата, но тетовци не успеаја да избегнат пораз.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *