Челси продолжува да биде еден од најактивните клубови на трансфер пазарот. Според најпознатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, сите потребни документи за трансферот на Валентин Барко се потпишани, што значи дека аргентинскиот талент и официјално ќе ја продолжи кариерата на „Стемфорд Бриџ“.
Барко пристигнува од францускиот Стразбур, а договорот кој беше најавен уште во мај сега е целосно реализиран. Останува само клубот официјално да го претстави своето ново засилување.
Но, лондонскиот гигант не планира да застане тука. Следната трансфер цел на Челси е стоперот на Кристал Палас, Максенс Лакроа.
Романо открива дека францускиот дефанзивец веќе ја прифатил понудата и проектот на Челси, додека разговорите меѓу двата клуба се во тек. Преговорите напредуваат во позитивна насока и договорот би можел да биде постигнат во секој момент.

Leave a Reply