Ракометниот шампион на Македонија, Вардар, ги објави деталите за летните подготовки пред новата сезона.
„Црвено-црните“ со тренинзи ќе започнат на 27 јули во спортската сала „Расадник“ во Скопје, каде што ќе биде одржан првиот собир на екипата.
По воведниот дел од подготовките, вардарци ќе заминат во Маврово, каде што од 3 до 10 август ќе го одработат главниот тренинг-камп.
Подготовките ќе продолжат со настапи на два традиционални турнири. Првиот предизвик за тимот ќе биде турнирот во Струга, кој ќе се одржи од 12 до 15 август, а потоа Вардар ќе настапи и на турнирот во Охрид од 18 до 22 август.

Leave a Reply