Словенецот Винчиќ се расплака кога дозна дека ќе го суди финалето на СП

Словенечкиот судија Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија, кое ќе се игра во недела на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси. ФИФА избра еден од најискусните европски судии за одлучувачкиот натпревар на турнирот, а за 46-годишникот од Марибор тоа ќе биде најголемиот натпревар во неговата кариера, пренесува 24сата.хр.

Винчиќ дознал за назначувањето од Пјерлуиџи Колина, раководител на судењето на ФИФА и претседател на судискиот комитет. Тој призна дека веста целосно го изненадила.

-Прво, шок. Потоа среќа. Се тресев. Неверојатна чест е да се добие финалето на Светското првенство. Тоа е нешто што е само сон за еден судија, за млад судија кога ќе започне. Затоа сум многу горд, многу горд на себе и на мојот тим. Многу е тешко да се каже сè со зборови, но многу сум горд што ја претставувам мојата земја, Словенија, на најголемиот спортски настан во светот. Мојот тим е многу горд и ќе дадеме се од себе – рече Винчиќ.

Ова е негово второ Светско првенство. Во Катар 2022 година, тој судеше два натпревари, а на тековниот турнир ги водеше натпреварите помеѓу Бразил – Мароко и Јордан – Алжир во групата и Мексико – Еквадор во осминафиналето.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *