Еден од најважните ракометари на Охрид си замина за да игра во Полска!

Шпанскиот ракометар Ориол Реј Моралес повеќе не е член на ГРК Охрид, соопштија од македонскиот клуб.

Од Охрид истакнуваат дека иако клубот не бил за разделба со еден од своите клучни дефанзивци пред истекот на неговиот договор, на барање на ракометарот била активирана излезната клаузула.

Во соопштението се наведува дека полскиот шампион Висла Плоцк го откупила договорот на Моралес, по што тој и официјално го напушта охридскиот тим.

„ГРК Охрид ја информира јавноста дека Ориол Реј Моралес повеќе не е член на нашиот клуб. Иако клубот апсолутно не беше за разделба со еден од своите клучни дефанзивци пред истекот на неговиот договор, на барање на играчот беше активирана излезната клаузула, а полскиот шампион Висла Плоцк го откупи неговиот договор. Му благодариме на Ориол за посветеноста и придонесот во дресот на ГРК Охрид и му посакуваме успех и во понатамошната кариера“, стои во соопштението.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *