Maртин Мирчевски се врати во Пелистер!

by

in

Фудбалскиот клуб Пелистер официјално го потврди враќањето на Мартин Мирчевски, кој од следната сезона повторно ќе го носи зелено-белиот дрес.

Со овој потег, битолскиот клуб јасно ги истакнува своите амбиции за брзо враќање во Првата македонска фудбалска лига, а ангажманот на искусниот офанзивец претставува значително засилување.

Дваесет и деветгодишниот Мирчевски е производ на школата на Пелистер, а во својата кариера настапуваше и за клубови во странство, меѓу кои ТСЦ и Железничар.

Во изминатата сезона тој беше дел од составот на Силекс, а сега повторно се враќа во матичниот клуб со кој ќе се обиде да помогне во остварувањето на зацртаните цели.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *