Финскиот тим Купс утре му гостува на македонскиот шампион ФК Вардар во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, а тренерот на гостите, Мика Нутинен, очекува тежок и неизвесен натпревар во Скопје.
Тој истакна дека двомечот нема да се реши уште на првиот дуел, туку дека клучниот исход ќе биде во реваншот во Финска.
„Возбудени сме што сме тука и не очекува сериозен предизвик. Стручниот штаб ја заврши својата работа и верувам дека ќе гледаме квалитетен натпревар. Не мислам дека фактот што сме во натпреварувачки ритам ќе биде голема предност, бидејќи ова е само прв меч од двомечот. Целта ни е да оствариме добар резултат пред реваншот. Временските услови нема да ни претставуваат проблем, нашите играчи се навикнати да играат во различни услови“, изјави Нутинен.

Leave a Reply