Македонскиот прволигаш Струга продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во редовите на актуелниот освојувач на Купот е голманот Андреј Јовчевски.
Дваесет и двегодишниот чувар на мрежата пристигнува од Пелистер, клуб во кој ја мина целата досегашна кариера. По 56 настапи за сениорскиот тим на битолчани, Јовчевски се реши за нов предизвик и потпиша тригодишен договор со стружани.
Од клубот посочуваат дека младиот голман бил следен и од екипи од Албанија, Хрватска, Унгарија и Романија, но на крајот одлучил кариерата да ја продолжи во Струга.
Со неговото доаѓање, конкуренцијата меѓу стативите ќе биде уште поголема, бидејќи Јовчевски ќе се бори за местото прв голман со Васко Василев и Марко Анџелети.

Leave a Reply