Голгетер од Франција ќе тресе мрежи за Струга!

by

in

Струга продолжува со засилувањата во пресрет на новата сезона, а најново име во составот е францускиот напаѓач Агамат Хамонд.

Станува збор за 29-годишен голгетер со француско државјанство и ганско потекло, кој досегашната кариера ја градеше во клубови од пониските француски лиги.

Во редовите на Струга пристигнува од францускиот Шареј, каде што ја мина изминатата полусезона. За својот поранешен клуб одигра 17 натпревари, постигна шест погодоци и запиша една асистенција.

Според неговата досегашна статистика, Хамонд има вкупно 114 настапи во кариерата, на кои реализирал 51 гол и додал пет асистенции, бројки со кои ќе се обиде да даде значаен придонес во нападот на македонскиот прволигаш.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *