Ивановски со силна порака по освоениот трофеј: Сакам да играм грен-слемови!

by

in

Со триумфот на турнирот „Македонија опен“ во Скопје, Калин Ивановски потврди дека успешно се враќа во натпреварувачки ритам по долгата пауза предизвикана од повредите. Македонскиот тенисер во финалето го совлада Украинецот Владислав Орлов и стигна до нов трофеј пред домашната публика.

По натпреварот, Ивановски не го криеше задоволството што токму во Скопје успеа да стигне до титулата, истакнувајќи дека поддршката од трибините му била дополнителен мотив во текот на целиот турнир.

„Многу сум среќен што се вратив на терените по повредите и тешкиот период. Голема чест е да играм тука пред нашата публика, ми давате многу мотивација и ми помогнавте да го освојам турнир. Благодарност и до организаторите, тренерот…сите кои ми помогнаа. Ова е само еден турнир и треба да се продолжи да се работи, мојата цел е да играм грен-слемови, па ова е само еден мал чекор кон тоа“, порача Ивановски.

Успешниот викенд за македонскиот тенис беше заокружен уште во саботата, кога титулата во конкуренција на двојки ја освоија Обрад Марковски и Горзад Србљак.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *