Бранислав Ангеловски се врати во Пелистер!

by

in

Поранешниот македонски репрезентативец Бранислав Ангеловски повторно се враќа во редовите на Пелистер, но овојпат ќе ја предводи втората екипа на битолскиот клуб.

Од Пелистер денеска соопштија дека Ангеловски е именуван за нов шеф на стручниот штаб на Пелистер 2, тим кој минатата сезона заврши на осмата позиција на табелата.

„Ова е враќање на Ангеловски во клубот, каде што претходно настапуваше како играч, а подоцна беше и спортски директор и тренер. Веруваме дека неговото богато искуство и докажаните квалитети го прават најсоодветниот избор за оваа функција“, наведуваат од клубот.

Ангеловски беше предводник на првиот тим на Пелистер од крајот на 2023 до октомври 2024 година. Во тој период успеа да ја освои шампионската титула во домашното првенство, но неговиот мандат заврши по серија резултати и незадоволство во јавноста.

Во деновите пред разделбата со клубот, на негова адреса пристигнаа критики и од навивачката група „Чкембари“, откако по поразот од Вардар во Скопје изјави дека тој неуспех не го доживува како трагедија.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *