ПСЖ го доведе и вториот тренер кој освои европска титула со Вардар!

by

in

Францускиот ракометен шампион ПСЖ официјално го потврди назначувањето на Роберто Гарсија Парондо за нов шеф на стручниот штаб, а шпанскиот стратег ќе ја преземе екипата од сезоната 2027/28.

По официјализирањето на соработката, Парондо истакна дека со голема чест ја прифатил можноста да го предводи еден од најамбициозните европски клубови.

„Голема чест е да станам дел од Пари Сен Жермен. Станува збор за клуб со богата традиција, високи амбиции и јасно изградена победничка култура. Свесен сум за одговорноста што ја носи оваа функција, но истовремено со нетрпение го очекувам новиот предизвик. Верувам дека заедно со играчите, стручниот штаб и сите во клубот ќе продолжиме да испишуваме успешни страници во историјата на ПСЖ“, изјави Парондо.

Шпанскиот тренер е добро познат на македонската спортска јавност. Во 2019 година го предводеше Вардар до историската титула во Лигата на шампионите, со што стана вториот шпански тренер што го искачил скопскиот клуб на европскиот врв, по Раул Гонзалес. Интересно е што токму Гонзалес беше предводник на ПСЖ во периодот од 2018 до 2025 година, а сега на клупата на парискиот гигант ќе го наследи својот сонародник.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *