Анисимова со пофалби за Лина: Играше одличен тенис!

by

in

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска беше поразена во својот дебитантски меч на Вимблдон во кој играше против минатогодишната финалистка и шеста светска тенисерка, Аманда Анисимова.

Американката иако победи со 2-0 во сетови (6-3, 6-2) сепак имаше пофални зборови за Ѓорческа.

„Ѓорческа веќе одигра неколку натпревари тука и навистина игра добар тенис. Среќна сум што повторно сум на Вимблдон по минатогодишното финале и што изборив пласман во второто коло. Напорно работев за овој турнир и се надевам дека ќе продолжам со добри настапи“, изјави Анисимова по завршувањето на дуелот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *